Некогашниот југословенски претседател Јосип Броз Тито најверојатно не бил вистинскиот Јосип Броз роден во 1892 година, туку помладо лице. Тоа е наведено во документ од американската Национална безбедносна служба (НСА), од кој документ неодамна била тргната ознаката „тајно“.
Во анализата на НСА, извршена е фонетска анализа на јазикот на кој Тито говорел, со оцена дека тој се служел со српско-хрватски јазик, но со странски акцент. Исто така, американската служба оценува дека лицето кое го носело името Јосип Броз и било претседател на Југославија, најверојатно, било многу помладо лице од Броз роден во 1892 година.
„Титовото нејугословенско потекло може да се објасни со неговата непристрасност и успех со водењето на различните етнички групи во Југославија. Останува да се види дали и неговите наследници ќе го прават истото после него“, се наведува во анализите од НСА од крајот на седумдесеттите години од минатиот век.
НСА оценува дека, според анализите на нејзините експерти за јазик, Титовиот мајчин јазик би можело да биде руски или полски, давајќи пример дека во српско-хрватскиот јазик самогласката „и“ се изговара после меки и тврди согласки, додека пак Тито, како што тоа го прават Русите и Пољаците, тоа го правел со омекнато „н“.