Над 20 илјади лица евакуирани поради поплавите во Русија

Поради рекордниот водостој и поплавите предизвикани од дождовите, евакуирани се над 20.000 лица од источниот дел на Русија.

Реката Амур достигна рекордно ниво кое досега не е забележано откако постои мерењето на нејзиното ниво, од 1895 година.

Поплавите ги уништија имотите, инфраструктурата, посевите, а неколку илјади жители се приморани да се евакуираат. За среќа, досега не се регистрирани жртви.