„Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го поздравува именувањето на Томислав Тунтев за претседател на Општинска организација на СДСМ Охрид. После големиот пораз на последните локални избори во кој значајна улога имаше координаторот на советничката група на СДСМ и заменик на поразениот градоначалник, вакавата промена на политичката сцена е навистина добредојдена. Фактот дека новоименуваниот претседател на СДСМ беше главен креатор на политиките на Петрески, главен креатор на донесувањето на штетни одлуки од урбана и финансиска сфера во Охрид и главен креатор на задолжувачките политики на Охрид, кажува дека СДСМ ниту се менува, ниту има намера да донесе нешто ново на политичката сцена. Истите ликови кои ги нанесоа штетите врз Охрид со своите одлуки и не се баш некоја иднина за Охрид“. – стои во дописот од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.