По барање на Ј.О.У.Д.Г. „Јасна Ристеска“, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги средуваат дворовите од градинките, како и просторот околу истите. Се работи на сите пет објекти од детската градинка при што се врши генерално чистење и хортикултурно средување: косење, метење, кроење на крошните од дрвјата, шишање на живата ограда и украсните садници.
Помагањето на образовните институции од нашиот град и поттикнувањето на еко-свеста кај нашата најмлада популација е важен сегмент во годишните планови кои и во иднина ќе се реализираат.