Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„, бр.21/98 и 18/07), 28 Август 2013 година (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), е неработен ден за верниците од православна вероисповед во Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на верниците од православната вероисповед им го честита празникот.