После големите успеси кои КУД Охриѓанка ги постигна на локално и републичко ниво, односно после освоеното прво место на регионалните смотри во Охрид и Републичките смотри во Скопје продолжи со успеси и освојување на награди и надвор од нашата држава.
Членовите на КУД Охриѓанка заминаа на турнеја во Турција и учествуваа на еден од најпознатите меѓународни фолклорни фестивали таму – „Изник Фестивал“ кој се одржува секоја година во Изник, а потоа својата турнеја ја продолжија во Бугарија – Несебар од каде се вратија со неколку награди и признанија.
Организаторите на Меѓународниот Изник Фестивал КУД Охриѓанка се здоби со признание и диплома за учество на фестивалот, додека на фестивалот во Несебар кој беше од натпреварувачки карактер КУД Охриѓанка се здоби со награда златен орфеј и златен медал за освоено прво место на Светскиот Шампионат за Фолклор (World Championship of folklore). Исто така со награда, односно сребрен, медал си замина и Кларинистот Зоран Ратајкоски дел од оркестарот на КУД Охриѓанка.
Членовите на Културното Уметничко Друштво Охриѓанка со спетовите Малешевка и Пиринско пролетно цвеќе ја станаа целата публика на нозе и ја претставија нашата држава во најдобро светло во Турција и Бугарија и со своите перформанси ја воодушевија публиката од насекаде во светот. Секако за успешната турнеја говорат и освоените награди кои ќе бидат запишани како дел од историјата на ова друштво кое верно и неуморно работи да се покаже во и надвор од границите на Македонија.