Од полноќ горивата поскапуваат за еден денар

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ за еден денар поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Еден литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе се продава по 70,50 денари за литар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 59 денари.

За 0,193 денари поскапува и мазутот М-1 НС за 0,193 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 41,603 денари.

Одлуката за поскапување на горивата следи по зголемување на цената на нафтените деривати врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и односот на курсот на денарот во однос на доларот.