Започнува нов есенски циклус „Час за приказни за деца“ на англиски јазик

Во организација на Црвен крст Охрид, а со поддршка на волонтерите на Мировен корпус Македонија, започнува нов есенски циклус од едукативната програма „Children’s Story Hour“ – Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 -7 години. 

Волонтерите-предавачи од Црвен крст Охрид и Американскиот мировен корпус, во периодот од септември до декември 2013 година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, користење на англиска литература за деца од Англиската библиотека на Црвениот крст Охрид, ќе ги надградуваат и зајакнуваат знаењето на англискиот јазик и ќе ја развиваат емоционалната сигурност како и хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст.

Поради големата заинтересираност за програмата, родителите треба да пополнат пријава лично во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 9-15 часот, до 13-ти септември 2013 година.