Претставници на Агенцијата за млади и спорт во присуство на изведувачот „Алкон Проект“ и Надзорниот орган – градежен институт „Македонија“ беа во посета на спортската сала „Тодор Александров” во Велгошти.
Тие извршија увид и констатираа дека спортската сала е подготвена за непречено користење од страна на жителите и спортистите од населеното место Велгошти.
Со оваа посета од страна на претставниците на Агенцијата за млади и спорт, изведувачот и Надзорниот орган, се изврши целата законската процедура за предавање на спортската сала на Општината Охрид. По примопредавањето, со спортската сала ќе стопанисува ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти.