Одржан состанок помеѓу ЈП „Билјанини Извори“ и спорските клубови од Охрид

Денес во просториите на Ј.П. „Билјанини Извори“ на иницијатива на в.д. директорот Иванчо Цветкоски се одржа состанок со спортските клубови од Охрид.

Целта на состанокот беше преку заедничка соработка да им се помогне на локалните спортски клубови, со подобра организација и координација да ја започнат новата натпреварувачка сезона.

На состанокот им се даде приоритет на клубовите преку одобрување на термини за тренинзи во спортската сала.

Ј.П. „Билјанини Извори“ и во иднина планира соработка со сите спортски клубови од Охрид се со цел развој на спортот во Охрид.