Во Белгија уништена најголема лабораторија за наркотици во Европа

Белгиската полиција во соработка со ЕВРОПОЛ, ја уништи најголемата досега откриена лабораторија во Европа за производство на синтетички дроги, а запленети се и огромни количини на хемикалии за производство на екстази, соопшти ЕВРОПОЛ.

Пронајдената огромна лабораторија за производство на дрога била добро скриена во просториите од една фарма на југот од Белгија.

После триесетина полициски рации во Белгија, Холандија и Полска, 14 осомничени се уапсени, а против 11 е поднесена кривична пријава поради поседување, производство и трговија со наркотици. Осомничените се од Белгија, Бугарија и Полска, а се верува дека тие се дел од добро уиграна, меѓународна криминална група.