Во сабота второ авионско прскање против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски  во соработка со Министерството за здравство, во сабота  на 31 август ќе  врши авионско запрашување против комарци.

Запрашувањето, почнувајќи од 05 часот  ќе се одвива на  1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до нас. Св. Наум и територијата на град Охрид.

Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите на 31 август (сабота), да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се известуваат граѓаните на oпштина Охрид дека препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. 

Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.