27 Интернационален Атлетски Маратон – Охрид 2013

По повод 8-ми Септември Денот на државноста, годинава по 27 пат ќе се организара традиционалниот Интернационален Атлетски Маратон Охрид 2013.

Охридскиот маратон започна да се организира од 1976 година и се организираше 18 (осумнаесет) години без прекин до 1993 година. Поради големата заинтересираност после првото одржување на маратонот од општински, републички прерасна и во меѓународен атлетски маратон. Од 1993 година до 2003 беше ставен во мурување па наредните години 2004, 2005, 2006, 2007 и 2008 повторно беше успешно организиран. Маратонот важи за еден од најтешките маратони и се трча должкрајбрежјето на Охридското езеро од Св. Наум до Охрид со многу нагорнини и надолнини со вкупна должина од 30 километри. 

Најтрофеен маратонец е Живко Стојчески со 5 (пет) освоени први места.

Со најголем број на учества на маратонот е Славчо Костоски со вкупно 14 (четиринаесет) години.               

Рекордот на патеката во машка конкуренција го држи Борислав Девиќ од Србија со резултат од 1:39:13, а во женска конкуренција Ана Суботич од Србија со резултат од 1:55:23 од 2010 година. 

Пријавувањето за овогодинешниот маратон може да го направите ТУКА или лично на телефон 070/232-460 со лицето за контакт Пеце Неданов.

plakat_atletski_maraton