Боинг ќе вработи половина милион пилоти до 2032 година

Американската компанија Боинг до 2032 година ќе има потреба од 498 илјади нови пилоти за управување со авионите кои требаат да бидат испорачани во наредните 20 години, стои во најновата студија на „The 2013 Boeing Pilot & Technician Outlook“.

Во наредните 20 години флотата на авионите Боинг ќе биде двојно поголема, а ќе бидат вработени 556 илјади нови пилоти, техничари и останат персонал.

На основа на побарувачката планирана до 2032 година, годишно во светот ќе бидат потребни по 25 илјади нови пилоти за управување на Боинг авионите, како и по 28 илјади техничари.