Две лица загинаа при пад на мал авион во море близу Пула, кај пристаништето Помер. Причината за падот на авионот не е позната, а од истарската полиција соопштија дека станува збор за авион со хрватски ознаки.
Авионот при падот удрил во површината на морето и се распаднал. Веднаш по несреќата во истрагата се вклучиле крајбрежната полиција, нуркачи, капетанијата и Националната служба за заштита и спасување, кои успеале да ги извлечат телата на настраданите.
Станува збор за авион од типот „Злин 242“ кој, како што велат искусните пилоти, е нестабилен за било какви маневри на мали висини.