Успешен настап на театарската група при Црвен крст во Требиње

Во четиридневна посета на Црвен крст Требиње, Босна се наоѓа делегација на Црвен крст Охрид составена од членови на Театарската група на волонтери при Црвен крст Охрид. Тие вчера, во Домот на млади во Требиње, имаа успешен настап пред публиката во Требиње со изведбата на театарската претстава „Фортуна“ во режија на Маре Ристеска и Весна Терзиоска.

Оваа средба на младите во Требиње ќе ја зајакне и прошири постоечката соработка на двете организации на Црвен крст и во делот на театарската уметност со дефинирање на учеството на волонтери на Црвен крст Требиње на Аматерскиот младински театарски фестивал Вдиши Театар наредната година во Охрид.