Бесплатна телефонска линија за пријавување неправилности поврзани со Јавниот паркинг простор

Ј.П. „Билјанини Извори“ ги информира сите граѓани, корисници на услугите, дека отвори бесплатна телефонска линија која од денес можат да ја користат 0800 46 046 на која можат да пријават неправилности, поплаки и сугестии во врска со работењето на Јавниот паркинг простор со кој стопанисува претпријатието.

Претпријатието овозможи ваков начин на комуникација со корисниците на услугите со цел да се надминат евентуалните проблеми, да се подобри квалитетот на услугите кои што ги нуди и кои се во надлежност на претпријатието.