Започнува селекцијата на учениците за спортските паралелки – спортски таленти

Спортската академија  започнува потрага по спортски таленти, коишто ќе бидат дел од спортските паралелки во учебната 2014/2015 година во рамките на ОУТУ„Ванчо Питошески“ Охрид

 Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции.

 Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. 

За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик, физиотерапевт, како и меѓународни тренери.

Кандидатите за упис во прва година, ќе бидат селектирани од стручна комисија.

Селекцијата ќе се врши по региони низ цела територија на Република Македонија и ќе се одвива во три фази:

– Скаутирање од стручни лица

– Селекција од стручен тим

– Последна фаза, тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија

На учениците кои ќе бидат примени, а не се од градот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување, храна и превоз до училиштето и до спортските терени.

Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција како и листата на одговорни контакт лица за секој спорт од конкретната Федерација е следната :

За спортската паралелка по фудбал во Охрид (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Струга, Дебар и Кичево)

Датум: 16.04.2014 (среда)

Место: Стадион Билјанини извори

Почеток: 11.00 часот  

Собир и евидентирање: 10.00 часот – пријавување кај регионалниот координатор Данчо Целески 070/ 212 822

За спортската паралелка по ракомет во Охрид (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Тетово и Кичево)

 Датум: 28.04.2014 (понеделник)

Место: ОУТУ Ванчо Питошески

Време: 15:00 – 18:00 

Сите заинтересирани кандидати треба да приложат  потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина или да приложат индивидуална лиценца за регистрација за клуб во МКФ за сезона 2013/2014.

Контакт за дополнителни информации: office@basketball.org.mk

За сите спортови, контакт лица од Министерството за образование и наука  се: 

Васка Стоицова 076/445-332

Пенка Мантова Здравковска 076/485-054

Секој кандидат е должен пристигне и да го потврди своето присуство на местото каде што ќе се одвива селекцијата најмалку 30 мин пред почетокот на истата.

Сите кандидати/ученици, за сите спортови , кои ќе ја поминат првата фаза на селекција ќе бидат информирани за терминот за следната фаза на селекција.