Општина Охрид во соработка со Црвен Крст и јавните претпријатија, ги привршуваат подготовките за вечерашниот почеток на манифестацијата „Да навиваме заедно за Македонија“.
На Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, во рамките на одбележувањето на 8-ми септември-Денот на независноста на Р.Македонија, од вечерва (4-ти септември) заклучно со петок (6-ти септември), граѓаните на Охрид ќе можат организирано да ги следат настапите и да дадат поддршка на Македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во кошарка, кое се оддржува во Р.Словенија. Општина Охрид, пред почетокот на ТВ преносите, организира посебна спортско- забавна програма, со ревијално учество на спортски екипи од Охрид.
Манифестацијата почнува вечерва во 17 часот со отворањето на мал спортски саем на спортски здруженија од Охрид, а во 17 часот и 45 минути, преку големиот лед- дисплеј граѓаните ќе можат да го следат кошаркарскиот натпревар Македонија- Црна Гора.