Програмата која ќе се спроведува на Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид, во пресрет на настапите на нашата кошаркарска репрезентација на Европското првенство во кошарка, добива и хуманитарен предзнак. Имено, средствата кои ќе се соберат од продажбата на пијалоците (пиво, безалкохолни пијалоци, вода…) ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на луѓе во општина Охрид. Волонтерите на Црвен крст Охрид ќе бидат препознатливи и достапни на посетителите на Градскиот плоштад за потребните информации и делење на пијалоците и плашица, а медицинските тимови на Црвен крст Охрид ќе се грижат за здравствената безбедност на посетителите на настанот.