Трансфер на Ферхан Хасани во Брондби

По неколкуте неуспешни обиди за трансфер, Ферхан Хасани конечно ја промени средината. Хасани е член на данскиот Брондби. Тој потпиша 2-годишен годовор, а ќе го носи дресот со број 22.

Хасани за официјалната веб-страна на Брондби изјави дека знае многу работи за Брондби, како и дека клубот имаше проблеми минатата сезона, но дека сега е време за нов почеток, дека Брондби има прилично млад тим со огромен потенцијал и тој со нетрпение чека да му помогне на тимот.

Брондби по 7 натпревари се наоѓа на последното место во Данската Суперлига, без победа, со само 3 нерешени средби.

WebOhrid