Акција за расчистување покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум

Иако туристичката сезона полека одминува, во интерес на граѓаните и ширење позитивна еколошка свест и подигнување на степенот на заштита на животната средина, од денес Ј.П. „Охридски Комуналец“ започна нова акција за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум. Акцијата, заради широкиот потег, ќе се одвива етапно, каде ангажирани се 10 комунални работници кои рачно го собираат расфрланиот отпад (хартија, пластика и др.) покрај магистралниот пат.

Од наредната недела со оваа акција ќе биде опфатен и магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од сообраќајната клучка до општина Дебарца.

KomunalecOtpadPat01 KomunalecOtpadPat02 KomunalecOtpadPat03