Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ денес спроведуваат акција за расчистување на натрупаниот муљ, трска и друг вид неразградлив отпад од езерските води во близина на „Холандскиот Парк“. Акцијата се изведува со багерување, со ангажирање на специјална машина ИЦБ, а се очекува да се подигнат околу 40 м³ муљ и друг вид отпад.
Оваа активност се спроведува по добиен налог од комуналната инспекција, а ваквите акции на годишно ниво се изведуваат 4-5 пати, во зависност од потребите.