Честитка од градоначалникот Трајкоски по повод Денот на независноста на Македонија

„Нашите предци низ историјата се бореле за слобода на македонскиот народ и независна Македонија. Точно пред 22 (дваесет и две) години својот стремеж за независност на успешно спроведен референдум македонскиот народ го потврди тоа и изгласа независна Република Македонија, Држава која и покрај сите притисоци од нашите непријатели успешно функционира и се стреми за интеграција во Евроатланските организации со цел поголема афирмација на македонскиот народ и подобар животен стандард. Водејќи се од овие принципи продолжуваме да се стремиме за добродетот на македонскиот народ и стабилноста на Република Македонија. И на крај дозволете да ви го честитам денот на независноста 8 ми Септември.

Да живее Република Македонија!“ – стои во честитката од градоначалникот на општина Дебарца, Игор Трајкоски.