ВМРО-ДПМНЕ Охрид со честитка за Денот на независноста на Република Македонија

„Сонот на секој Македонец бил и ќе биде самостојна, суверена, независна и просперитетна Македонија. 8 Септември е денот на остварување на тој сон. 

Посветеноста кон Македонија и во овие 22 години и натаму до вечноста ќе ни биде цел, идеја и борба, заедно со сите граѓани кои се дел од вечната приказна за Македонија.

На сите нив и посебно на сограѓаните охриѓани им го честитаме празникот 8 Септември. НЕКА Е ВЕЧНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!“ – стои во честитката од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.