Египќаните со честитка по повод Денот на независноста на Македонија

НВО Коалицијата на Египќаните, по повод 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија, на сите граѓани на државата, им го честита празникот на суверена, самостојна и независна Република Македонија, со искрени желби за просперитет на сите полиња од општественото, економското, политичкото и културното живеење.

Во честитката се наведува, дека сите граѓани на Република Македонија, без разлика на национална, верска или било која друга припадност, треба да инвестираат во просперитетот на државата, со нивната лојалност и взаемното почитување, како основен предуслов за развој на татковината.