Завршува 46-то Балканско првенство во едрење

Денеска е последниот ден од серијата трки на 46то Балканско првенство во едрење кое се одржува во Охрид од 2ри до 8ми Септември. 200 едриличари од 6 балкански држави за првпат во историјата на Република Македонија ги одмеруваат силите на Охридското Езеро. Според прелиминарните резултати од 4 извозени трки до денес, доминираат турските натпреварувачи во сите класи. Денеска според распоредот треба да се одржи уште една трка по која ќе знаат балканските шампиони во 9 класи. Од македонските натпреварувачи до овој момент најдобар резултат има едриличарот од ЕК Снегар-Струга, Ердал Лушо.

46то Балканско првенство во едрење како најголема манифестација некогаш одржана на Охридското Езеро денеска во 20:00 часот ќе биде затворено на градскиот плоштад во Охрид каде ќе бидат доделени награди за годинешните балкански шампиони.