По повод Денот на независноста на Република Македонија 8-ми септември, делегација на Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓани поддржувачи во општините Охрид и Дебарца, положија свежо цвеќе во „Паркот на револуцијата“.
„Ова одбележување треба да биде помасовно, со присуство на претставници од локалната самоуправа, како и повеќе невладини организации, здруженија на граѓани, како и луѓе кои ги почитуваат борбените традиции, а кои беа во полза за ослободувањето на државата, а потоа и осамостојувањето“, истакнуваат од организацијата.
Од боречката организација велат дека догодина ваквиот вид на одбележувања со полагање свежо цвеќе на паднати борци во Охрид, ќе биде побројно.
На 8-ми септември 1991 борците, партизаните одлучно го дочекаа Третиот Илинден-ден на раѓањето на нашата држава.
Паркот на револуцијата, потсетува на стремежот за Слободна држава.
22 години самостојна суверена и независна држава Република Македонија, значи успех на сите Македонци, со надеж дека во иднина државата ќе се развива на секој можен начин се поинтензивно, по современи модерни европски текови.
Во „Паркот на револуцијата“ во Охрид, има 31 плоча на паднати борци, кои својот живот го дадоа за нашата Република.
Томчо Алексоски