СВР Охрид со честитка за Денот на независноста

   „По повод 8-ми септември денот на независноста и сувереноста на Република Македонија, до сите граѓани упатуваме искрени честитки за среќен и долговечен празник.

   Посветени на постојаното зголемување на своите демократски и професионални капацитети, како служба и понатаму неуморно продолжуваме во сузбивањето на сите видови криминалитет. Градиме концепт на блискост со граѓаните максимално посветувајки се на заштитата на човековите права и слободи и на вистинските вредности на нашето општество.

   Нашето единство е силниот двигател во изградбата на стабилен безбедносен систем кој успешно ке се справува со новите безбедносни предизвици и кој ке ја зацврсти Република Македонија како модерна, безбедна и Европска  држава“. – стои во честитката од СВР Охрид.