Oд полноќ цените на горивата во земјава ќе се зголемат за 1,5 до 2,5 денари за литар, вака денес одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на бензините ќе се зголеми за 1,5 денари, така Еуросупер БС – 95 ќе се точи за 83,50 денари за литар, а Еуросупер БС – 98 за 85 денари за литар. Дизелот поскапува за 2,5 денари и новата цена ќе изнесува 73 денари.
Екстра лесното масло за домаќинства поскапува за три денари и новата цена е 62 денари за литар. Мазутот поскапува за 1,171 денари и ќе се продава за 42,774 денари за килограм.
Зголемувањето се должи на повисоката цена на суровата нафта во изминативе две недели и зголемениот курс на денарот во однос на доларот.