Градоначалникот Трајкоски најави намалување на комуналната такса за истакната фирма во општина Дебарца

Денес во просториите на Општина Дебарца беше формиран Локален Економски Совет кој ќе се залага за зајакнување на економската стабилност во Општината. Советот се состои од 15 членови, различни претставници на фирми кои работат на територијата од општина Дебарца и тоа претставници од индустријата, угостителството, транспортните претпријатија…

За претседател на Економскиот Совет е избран Крсте Нелоски, директор на Мелин ДООЕЛ с.Оровник. Формирање на ваков совет во Општина Дебарца е новост и доби голем број на пофалби од присутните членови и со гордост прифатија доброволно членство кон советот и ќе се стремат кон зајакнување на Локалниот Економски Развој на Општина Дебарца.

Од страна на градоначалникот Игор Трајкоски беше поздравен ваквиот подвиг што преставува за прв пат да се случи вакво нешто во општина Дебарца. Градоначалникот Трајкоски на присутните им најави намалување на фирмарината (комунална такса за истакната фирма) од 6000 денари на 4000 денари со цел намалување на трошоците по овој основ и со тоа повика приватните стопанственици да отвораат фирми со седиште во општина Дебарца.

debrca_ekonomski_sovet_2