Националниот комитет за борба против говорот на омраза на интернет распишува повик за учесници на „Обука за обучувачи за превенција на говор на омраза“. Обуката се реализира во соработка со Директоратот за млади и спорт на Советот на Европа, во рамки на кампањата против говор на омраза на итернет имплементирана од Центар за Меѓукултурен Дијалог Куманово, Агенција за Млади и Спорт и Младински Образовен Форум.
Обуката се организра во два дела. Првиот дел се реализира во период од 01.10 – 07.10.2013, додека вторниот дел претставува организирање на кратки активности на учесниците на обуката во средините во кои работат и делуваат во врска со темата на обуката.
Главната цел е да обучи младински работници, едукатори и онлајн активисти како да се справат со онлајн дискриминација, нетолеранција и подемот на насилство преку користење на едукација за човекови права. Обуката ќе ја подигне свеста за ефектите кои говорот на омраза ги има врз младите. Ќе обезбеди 25 учесници со компетенции како да промовираат човекови права и да ги едуцираат младите за човекови права со цел активно да се вклучат во борбата против прекршувањата на човековите права. Проектот ќе се фокусира на обезбедување на алатки за едукација за човекови права особено во онлајн просторот каде што човековите права доста често се прекршуваат.
Апликацијата за оваа обука можете да ја најдете на следниов линк.
Повеќе информации за обуката можете да најдете во повикот во прилог.