Претседателите на Македонија и Полска, заедно со градоначалникот Бакрачески ги посетија најважните културно-историски споменици

Во рамките на посетата на Република Македонија, Претседателот на Република Полска Бронислав Коморовски и неговиот домаќин, македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, заедно со градоначалникот Никола Бакрачески, денеска ги посетија најважните културно-историски споменици во Охрид.

Градоначалникот Бакрачески, средбата со високите гости и членовите на делегациите, ја искористи да ги запознае со богатата историја на древниот Охрид, но и со потребата за континуирана  заштита на споменичното наследство и неговата презентација пред светската јавност.

Polski_pretsedatel_poseta_4851фото: Александар Ковачески