Градоначалникот Бакрачески на средба со жителите на УЗ „Радојца Новичиќ“

Како дел од редовните активностите на градоначалникот Бакрачески за подобрување на транспарентноста на локалната самоуправа и приближување на работата на општината до граѓаните, денес беше остварена средба со жителите на Урбаната Заедница „Радојца Новичиќ“.

На средбата, жителите од оваа урбана заедница ги изнесоа своите потреби, но дадоа и свои предлози со кои ќе се подобри квалитетот на живеење во оваа градска населба. Присутните граѓани искажаа задоволство од досега реализираните активности за подобрување на комуналната и патната инфраструктура во населбата, а градоначалникот Бакрачески уште еднаш ги потенцира насоките за подобрување на вкупните состојби на урбаните и руралните средини.

Средбите со жителите на општина Охрид ќе продолжат континуирано. Идниот период ќе бидат посетени сите урбани и месни заедници кои егзистираат на територијата на општината и соодветно за секоја ќе биде изработена програма за подобрување на комуналните состојбите во нив, која етапно ќе се реализира од буџетот на општината и од други извори.

Sredba_gragjani_Radojca_4853 Sredba_gragjani_Radojca_4851 Sredba_gragjani_Radojca_4852