Започнувајќи од 00:00 часот синоќа (15 септември), повеќе не се наплаќа надомест при влез на територијата на Репблика Македонија на граѓани на Косово и за сите видови на возила регистрирани во Република Косово.
Министерството за трговија и индустрија на Република Косово донеесе Одлука за укинување на Одлуката за забрана на увоз на сите стоки со потекло од Република Македонија која влезе во сила на 15 септември 2013 година во 00:00 часот.
Со тоа престанува да се применува Одлуката на Владата на РМ за воведување на паричен надомест за влез на територијата на Република Македонија на патници и возила како мерка на реципроцитет спрема Република Косово.