Приведен кичевчанец на ГП „Ќафасан“

Синоќа во 20:30 часот на Граничниот премин – Ќафасан, на влез во Република Македонија од страна на полициски службеници приведен е Ф. В. (33) од Кичево, кој што бил евидентиран со мерка „Лиши од слобода“ од 17.08.2016 година. Од извршените дополнителни проверки во евиденциите на Граничните премини констатирано е дека лицето треба да се спроведе до Казнено поправна установа – Затвор Битола за издржување на казна затвор од два месеци и два дена поради сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик на Република Македонија. Лицето е предадено на…

повеќе...

На Граничен премин Табановце спречен обид за шверц на марихуана

Царинските службеници од граничниот премин Табановце вчера спречија обид за шверц на 18 килограми марихуана. На 25 јануари 2017 година, околу 6:00 часот наутро, на граничен премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавило патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, сопственост и управувано од лицето П. Ш., албански државјанин. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави одговорил дека нема ништо за пријавување, но и покрај тоа бил селектиран за контрола. При прегледот во багажниот простор од возилото била пронајдена плинска боца во која биле сокриени…

повеќе...

Приведен албански државјанин поради фалсификување патна исправа

Вчера околу 16.15 часот на ГП-Табановце на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на Н.З. (50) од Р.Албанија истиот на увид покрај патната исправа приложил и шпанска дозвола за престој на негово име. УПС се посомневале дека патната исправа и дозволата за престој се фалсификувани, односно на патната исправа и била отстранета оргинална хартија на страница и била залепена оргинална хартија од друга патна исправа, додека дозволата за престој е целосно фалсификувана, односно изработена од несоодветна хартија. Истиот бил приведен и предаден на УПС од СВР Куманово за понатамошна постапка.

повеќе...

Заменик Министерот Агим Нухиу го посети граничиот премин Табановце

Заменик Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, вчера го посети граничиот премин Табановце, со цел од блиску да се види спроведувањето на планот и новата методологија на работењето на граничните премини. Од планот, реално, се очекува да се намали времетраењето на вршење на контрола на патни исправи, зголемување на квалитетот на вршењето на тековните обврски, како и унификација и вклопување на граничните контроли со земјите на ЕУ.

повеќе...

Попоски: Границата на Македонија ќе остане затворена

Во интервјуто за париски „Фигаро“, дадено за време на престојот во Париз на министерска конференција за подготвување на самитот „Париз-Балкан 2016“, македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски нагласува дека „Македонија ги исполнува критериумите за членство во НАТО и ЕУ, без притоа да напредне на тој пат со што само се разгорува политичката криза“. Евакуацијата на импровизираниот камп на бегалците во Идомени за Попоски е најдоброто решение. Оваа одлука според него „ќе дозволи да се намали затегнатоста на Македонија со Атина и приливот на илегални мигранти“. На парашањето дека меѓу…

повеќе...

Викендов штрајкуваат царинските служби во Грција

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните кои планираа викендов да патуваат кон соседна Грција дека од страна на грчките погранични служби се известени дека во периодот од 20.05-23.05.2016 година царинските служби ќе штрајкуваат. Односно на ГП „Ники“ (ГП „Меџитлија“) и ГП „Дојрани“ (ГП „Стар Дојран“) сообраќајот ќе биде во прекин на патнички и товарни моторни возила додека преминувањето на границата пешки е дозволена за сите патници, додека пак на ГП „Евзони“ (ГП „Богородица“) сообраќајот при влез и излез од Р.Грција ќе се одвива со прекини. Односно после секои два…

повеќе...

Приведен албански државјанин кој нарушил јавен ред и мир на ГП Св.Наум

Вчера во 19:30 часот на ГП-Св.Наум на излез од Р.Македонија, поради сторен прекршок по чл.14 од Закон за јавна чистота од страна на полициски службеници, на албанскиот државјанин Ш.И.(33) од Корча – Р.Албанија, му бил врачен платен налог, по што истиот го нарушил ЈРМ со викање и непристојно и дрско однесување, како и постапување спротивно на наредба на полицискиот службеник за забрана да се задржува на ГП. Од извршениот алкотест со „Дрегер“, утврдена било 0,77 промили алкохол во организамот. Во 19.50 часот истиот е приведен и предаден на СВР-Охрид до…

повеќе...

Поради граничните рестрикции најмногу страдаат децата бегалци

Тешката ситуација на граничните премини на балканската копнена рута, особено во Македонија и Грција резултираше со илјадници деца заглавени на границите, под стрес и под ризик од влошување на здравјето и изложеност на злоупотреба, изјави УНИЦЕФ. Во овој хаос и збрканост децата се принудени да спијат на отворено во бедни услови повеќе од една недела, без можност да се измијат и да добијат соодветна храна. Постои ризик од одвојување на семејствата, а децата со часови остануваат заглавени надвор од транзитните центри во возови без јасна крајна цел. „Сведок сум дека…

повеќе...

Заштита на границите на Македонија и на Србија побара Курц

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, побара заштита на границите со Македонија и со Србија за да се заштити шенген-зоната. Шефот на австриската дипломатија, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, истакна дека сè додека обезбедувањето на грчко-турската граница не функционира, треба да се соработува со Македонија, Србија и со другите земји за да се обезбеди шенген-просторот. Курц смета дека се потребни три варијанти на можни соработки, односно најмала би била билатерална, средна е здружување на одредени земји, а најголема е европска соработка. „Во Шведска…

повеќе...

Претседателот Иванов ги посети припадниците на АРМ распоредени на јужната граница

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов во придружба на министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ Методија Величковски на првиот ден од Новата година ги посети припадниците на АРМ кои се распоредени на јужната граница за да и помогнат на граничната полиција во справувањето со предизвиците што доаѓаат со мигрантската криза. За време на посетата, претседателот Иванов имаше заеднички ручек со припадниците на АРМ на кои им ја честиташе Новата година и им посака многу успех, а на Генералштабот…

повеќе...