Се расчистува делницата Охрид – Дебарца

Од денес Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со акциите за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од сообраќајната клучка до општина Дебарца. На оваа делница покрај рачното расчистување на комуналниот отпад  кое се изведува со 10 комунални работници, се расчистуваат и мини депонии од градежен шут со ангажирање на специјална механизација. Поради несовесно и деградирачко однесување на поединци, во непосредна близина на коловозните ленти се создадени голем број мини депонии од градежен шут.

Изминатата сабота се заврши акцијата за расчистување на делницата Охрид-Св.Наум во должина од 30км. Собрани се и подигнати 320 вреќи  комунален отпад (пластика, хартија, лименки и др.).

Komunalec_Delnica_Ohrid-Debarca02 Komunalec_Delnica_Ohrid-Debarca03