Меѓународен кошаркарски турнир „Охрид трофеј 2013“ во петок и сабота

Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид со цел промоција, подршка и започнување на нова тенденција во Охрид, на 20 и 21 септември (петок и сабота) организира Меѓународен Кошаркарски турнир „ОХРИД ТРОФЕЈ 2013“.

Натпреварите ќе се одигруваат во петок со почеток во 18:00 и 20:30 часот и сабота и тоа во 18:00 часот натпревар за 3-то место и финале во 20:30 часот.

На турнирот ќе учествуваат реномирани екипи кои се неколкукратни освојувачи на двојните круни во своите држави, две од екипите се учесници на AБA регионалната лига и една во Еуролига: КК МЗТ – Скопје (Р.Македонија), КК Лукоил Академик- Софија (Р.Бугарија), КК Металац – Ваљево (Р.Србија), КК Раднички – Крагујевац (Р.Србија).

Генерален покровител на настанот е Локалната самоуправа, а останати спонзори се: Црвен Крст – Охрид, Кошаркарска федерација на Македонија, Светлосни реклами ПАП, Aгенција за обезбедување Питон и One.

Медиумски покровители на Кошаркарскиот трофеј се: Македонска Телевизија, Радио Охрид, порталите Ohridnews, Ohridtimes и WebOhrid.

Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид ги поканува сите љубители на спортот да присуствуваат на настанот.