Четврток – Ден без автомобили во општина Охрид

По повод Европската недела на мобилност (16-22 септември) чија тема за 2013 година е „Чист воздух – ти си на потег“, Општина Охрид, четврток (19 септември) го прогласува за Ден без автомобили.

За таа цел Општина Охрид ги повикува граѓаните масовно да се вклучат во оваа акција и барем еден ден во годината да стигнат на работните места без автомобили.

Во четврток оставете го автомобилот дома и уживајте во возење велосипед или пешачење, знаејќи дека ќе го направте вистинскиот потег за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина.

MobilityWeek