Перо Антиќ пристигна во Атланта

По настапот за репрезентацијата на Македонија на Евробаскетот, Перо Антиќ синоќа пристигна во Атланта за подготовки за почеток на новата сезона, во која тој ќе стане првиот македонски кошаркар кој настапил во НБА лигата.

Антиќ на својот профил на „Инстаграм“ сподели фотографија од обележаното место за него во соблекувалната на Хоукс, на кое се испишани неговото име и презиме и градот и државата од која доаѓа.

PeroAntic

Според распоредот за натпревари, Перо Антиќ за Атланта Хоукс би можел да дебитира на 7 октомври, кога неговиот нов тим ќе одигра натпревар од предсезоната против Мајами. НБА сезоната ќе ја почне на 30 октомври кога противник на Хоукс ќе биде Далас.