Екипи на јавното претријатие „Нискоградба“ од денес започнаа со уредувањето на тротоарите покрај градскиот Кеј.
Стручните служби со механизација го обновуваат бекатонот, а зеленилото покрај кејот хортикултурно ќе го ревитализира работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“.
Претходно сите угостителски објекти добија налог да ја отстранат урбаната опрема од тротоарите, а тротоарот ќе служи исклучиво за пешаците.
Во акцијата за уредување на тротоарите покрај градскиот Кеј ќе се вклучат и екипите на останатите општински јавни претпријатија.