На планините во Словенија, на висина од 1400 метри надморска височина падна вториот снег за само неколку денови. Според информациите од сообраќајниот информативен центар на превојот Вршич е дозволено движење само со зимска опрема, а затворен е патот на алпскиот превој Мангарт кој се наоѓа помеѓу Словенија и Италија.