На иницијатива на Градоначалникот на Општина Дебарца г. Игор Трајкоски, денес, вработените на ЈП за комунална дејност „Дебрца“, по прв пат од формирањето на јавното претпријатие се вклучија во акцијата за чистење на магистралниот пат Охрид-Кичево што поминува низ општина Дебарца во должина од 35км.
Секој отпад ќе биде собран и соодветно третиран т.е. сортиран, и воедно се замолуваат сите минувачи и возачи на овој фреквентен правец на совесност, да не фрлаат отпадоци на јавната површина покрај патот, во спротивно секој прекршител ќе одговара согласно законот за животна средина.
Оваа активност ќе продолжи и во наредниот период, каде што ќе бидат опфатени сите населени места во општината, ќе се чистат и уредуваат локалните патишта за да се овозможи нормално одвивање и прегледност во сообраќајот, и во соработка со Општината и Градоначаникот се набавени нови средства за работа потребни за извршување на дејноста на јавното претпријатие, одржување на јавната чистота и подобрување на животната средина.