Најмладите се дружеа со македонските кошаркарски репрезентативци

Денес во О.У. „Христо Узунов“ најмладите се дружеа со македонските кошаркарски репрезентативци и со кошаркарите од КК. МЗТ – Скопје, кои викендов престојуваат во нашиот град по повод одржувањето на Меѓународниот кошаркарски тунир „Охрид Трофеј 2013“.

Целта на дружењето покрај забава, беше и да се развие спортската свест и спортската култура кај најмладите.

Учениците добија автограми од нашите репрезентативци, а беа доделени и кошаркарски топки за најдобрите.

HristoUzunov_Deca_i_Kosarkari_2 HristoUzunov_Deca_i_Kosarkari_3