Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергегетика од ноќеска на полноќ бензинот поевтинува за 4 денари, а дизелот за 1,5 денари за литар.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) ќе чини 71,50, додека пак Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 60,50 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,554 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС кој сега ќе чини 42,220 денари за килограм.