Украдени над 20 кози на Хаваи

Над 20 кози биле украдени од една фарма на Хаваи, а крадците за да ги замолчат козите за да не прават врева, користеле самолеплива трака.

Нивниот сопственик изјави дека крадците не успеале да ги украдат сите кози, а на оние кои останале биле пронајдени залепени со салотејп околу устите и околу вратот.

Со оваа кражба, фармата претрпела штета од околу 10 илјади долари. Полицијата започнала истрага, а сопствениците понудиле награда за информации поврзани со кражбата.