Неколку стотини метри од пакистанското крајбрежје, после силниот земјотрес кој вчера беше регистриран, во морето се појави нов остров, висок помеѓу 6 и 9 метри.
Локалните телевизии веднаш започнале да прикажуваат снимки од ова чудо на природата, по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени. Населението веднаш излегло на брегот за да го види овој феномен.
Пакистанските сеизмолози велат дека оваа појава не е необична, со оглед на јачината на земјотресот.
Истовремено, расте бројот на жртви од овој земјотрес, а според досегашните податоци има најмалку 40 жртви.