Во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека, Институтот за Македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, од денеска до 29 септември ќе биде домаќин на четвртиот Меѓунроден научен собир на Македонско – Хрватски книжевни, културни и јазични врски, кој ќе се одржува во Охрид.
На отварањето на меѓународниот научен собир Македонско – хрватски книжевни, културни и јазични врски во Конгресниот центар во Охрид топло добредојде, успешна и поделотворна работа им поска Гордана Коњановска, претседател на Советот на општина Охрид.
„Република Македонија и Република Хрватска, долг временски период ги поврзуваат многу нешта кои се од исклучително значење за македонскиот и хрватскиот народ и секогаш тоа биле дела, кои ги сплотувале нашите народи, култури и цивилизациски достигнувања. Токму областите кои ќе бидат интерес на Вашите опсервации и во минато и денес, слободно може да се каже дека секогаш како производ имале нов квалитет во продлабочувањето на македонско – хрватските односи“, – рече Коњановска.
На собирот ќе учествуваат еминентни професори од сродните факултети и истражувачки институти во Загреб, Пула, Задар и други научни центри во Хрватска.