Пилот доживеал срцев удар за време на летот, подоцна починал во болница

Еден пилот за време на летот доживеал срцев удар, но успеал да го изврши принудното слетување, а починал подоцна во болницата во Бојзи, Америка.

Авионот од американската компанија „United Airlines“, Боинг 737-900 со 161 патник и 6 членови на екипажот, безбедно слетал на аеродромот во Бојзи, Ајдахо, каде го чекало амбулантно возило, и веднаш бил префрлен во болница, каде пилотот за кратко време починал.

Авионот летал од Хјустон до Сиетл, но бил пренасочен во Ајдахо поради потребна итна медицинска помош за капетанот на авионот. Веднаш по пренесувањето на пилотот со амбулантното возило, друг пилот бил назначен на негово место кој го продолжил летот до Сиетл.