СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Х.(27) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори“. Во текот на март 2013 година во Охрид при извршен претрес над пријавениот пронајдена е 4,68 грама наркотична дрога „марихуана“ што пријавениот ја купил од лице од Струга за препродажба.
ПС Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(25) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.08.2013 година, во Струга при извршен преглед над возило управувано од пријавениот пронајдена е 1,45 грама марихуана што ја набавил од лице од Струга.